Креаторот на Vaksajns.mk се огласи по разговорот во Полициската станица Карпош
Mи изгледа многу опасно кога вакви сатирични случаи се спроведуваат од органите на власта многу побрзо од оние што се навистина сериозни, напиша на Фејсбук, креаторот на сатиричната веб страница „Vaksajns.mk“, Адил Бакиу.
Тој се огласи по разговорот во Полициската станица Карпош.
„Во ПС само разговаравме како/зошто и толку беше, околу пола час ме задржаа, иако ми изгледа многу опасно кога вакви сатирични случаи се спроведуваат од органите на власта многу побрзо од оние што се навистина сериозни. И ова не е перцепција“, напиша Бакиу на Фејсбук.

Страницата „Vaksajns.mk“ е креирана како шега за говорот на англиски јазик на премиерот Зоран Заев.
Слично
