Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кражби во Штип - кривични пријави за четири лица

Кражби во Штип - кривични пријави за четири лица

Полициски службеници расчистиле пет кривични дела извршени на подрачјето на град Штип, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 28.04.2022, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип расчистија пет кривични дела извршени на подрачјето на град Штип и тоа; кривично дело ‘одземање моторно возило’ за кое се осомничени С.Р.(21) и малолетник, двајцата од Штип, три кривични дела ‘тешка кражба’ од кафемати за кои е осомничен Д.Г.(38) од с.Василево, струмичко и кривично дело ‘тешка кражба’ од куќа за кое е осомничен Џ.И.(35) од Штип. Поголем дел од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани, а со првите тројца осомничени бил извршен разговор во полициска станица, при што ги признале делата“, посочуваат од МВР.

По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Слично

Поврзани вести