Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кражба во зградата на Општина Арачиново

Кражба во зградата на Општина Арачиново

Во зградата на Општина Арачиново имало кражба. 

Секретарот во Општина Арачиново вчера во 8 часот, пријавил во полиција дека непознат сторител извршил тешка кражба во општинската зграда, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Кражбата се случила во периодот од 16 часот на 4 јуни до 08.00 часот на 8 јуни. Сторителот со употреба на сила влегол во општината. Со дополнителен попис од одговорните лица во општината ќе биде утврдено дали нешто е одземено, по што ќе биде утврдена и причинетата материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Слично

Поврзани вести