Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кратовското јавно претпријатие за комунални дејности предизборно ќе вработува хонорарци

Кратовското јавно претпријатие за комунални дејности предизборно ќе вработува хонорарци

Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура Кратово предизборно ќе прима хонорарци - Потпиша договор со Реалност-06, агенција за привремено вработување од Прилеп во вредност од 2,8 милиони денари.

Со оваа сума, треба да се задоволат потребите од хонорарни работници на претпријатието за една година, а потпис на договорот стави В.Д. директорот, Трајче Михајлов.

Во договорот не е наведено колку луѓе ќе бидат привремено вработени, само стои дека доколку претпријатието одлучи да ги задржи како вработени на неопределено, договорот со агенцијата ќе биде раскинат. Агенциската провизија пак, изнесува 6,90% од примањата на секој привремено вработен, без вклучен ДДВ.

Инаку, веб страницата на јавното претпријатие делумно се полни – додека програмата за 2025 година и финансискиот извештај од првото тримесечје се објавени, таму не може да се најдат договорите, бидејќи има само два од 2019 година. Планот за јавни набавки пак, датира од 2021 година, додека соопштенијата и јавните огласи на почетната страница се последно ажурирани во јуни 2024 година.

Александар Тодески

Слично

Поврзани вести