Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кратовчанец му се заканува на Заев, Ременски бара ОЈО да реагира

Кратовчанец му се заканува на Заев, Ременски бара ОЈО да реагира

Јован Ване Петров вработен во Центарот за социјални работи – Кратово, се заканувал на Фросина Ременски додека ја обавуваше функцијата министер за труд и социјална политика, а сега се заканува и на лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку социјалните мрежи. 

Тој пишува дека без разлика дали има обезбедување, Заев ќе биде „ловен“. Кратовчанецот на Фејсбук има и фотографија од Ќосето. 

„После оваа јавно искажана закана по живот кон Зоран Заев и други, вбројувајќи се лично како ловџија во „ловот“ за убиство; и по неговата јавна потврда дека неговиот профил не е лажен, го повикувам ОЈО по службена должност да постапи на соодветен начин.  Му напишав порака на неговиот надреден, Ибрахим Ибрахими во која му укажувам дека, има обврска да укаже и да ги укори поведенија кои го рушат угледот на МТСП и центрите и е неетичко/казниво поведение, иако не верувам во неговото постапување, бидејќи ја знам неговата и улогата на неговите во овој, за нив „лов“, за за сите други патологија и срам“ - пишува Ременски на Фејсбук. 


Таа очекува надлежните да преземат мерки против лицето кое се заканува на социјалните мрежи. 


Слично

Поврзани вести