Економија, финансии, бизнис

Контакт

Краток пожар во РЕК Битола повреди еден работник

Краток пожар во РЕК Битола повреди еден работник

Попладнево, при рутинска манипулација на 6 киловолтната постројка на блок 1 на РЕК Битола, поради ненамерна човечка грешка, избувнал пожар на дел од кабловските системи, кој со навремена интервенција на надлешните служби на комбинатот, за кратко време е неутрализиран и изгаснат. 

За време на инцидентот повреден е работник кој веднаш со возило за итна медицинска помош е пренесен до Битолската болница, каде што по извршената медицинска интервенција, се наоѓа надвор од животна опасност.

Се активирал и заштитниот систем што довело до исклучување на блокот 1 на РЕК Битола, на чија санација работат стручни екипи на комбинатот. Се очекува во текот на утрешниот ден блокот да влезе во функција.

- Поради брзата и навремена интервенција на стручните служби на комбинатот, пожарот не предизвика поголема материјална штета, а снабдувањето со електрична енергија на тарифните потрошувачи се одвива нормално, од останатите производни капацитети на ЕЛЕМ, се вели во соопштението од РЕК Битола


Слично

Поврзани вести