Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кралот на марихуаната ја „пикира“ земјава за да инвестира?

Кралот на марихуаната ја „пикира“ земјава за да инвестира?

Биг Мајк, aмериканскиот Крал на марихуаната сака да инвестира во Македонија. 

Тој деновиве престојувал во главниот град и на својот профил на Инстаграм сподели видеа и фотографии од средба со претставници на централната и градската власт.

Се сретнал со премиерот Зоран Заев, а потоа и со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, но и со министерот за здравство, Венко Филипче.

„Македонија има голем потенцијал, возбуден сум да ви најавам дека земјата ќе ја направам европска суперсила на канабисот“ – пишува Мајк на својот Инстаграм профил. 

Majк е еден од најбогатите луѓе во САД кои се занимаваат со производство на канабис за медицински и рекреативни цели.

Тој е познат бизнисмен во САД со бизнисот и лобирањето за легализација на канабисот за медицински цели. Мајк е извршен директор на „Адванс нутриентс“, компанија која е призната како светски лидер во истражување и развој на хранливи материи и додатоци специфични за марихуаната. 

Целосното име на овој лик е Мајкл Страумитис, а самиот тој се нарекува „Марихуана Дон“. 

Слично

Поврзани вести