Кралот Чарлс му евоцирал спомени на Бујар Османи од посетата на Македонија во 1998
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во рамки на британската турнеја беше во Палатата Сент Џејмс во Лондон на прием кај новокрунисаниот британски крал Кралот Чарлс Трети.
Шефот на македонската дипломатија упати благодарност за силната британска поддршка и за негувањето одлични политички и економски односи, во духот на меѓусебното пријателство и силно партнерство.
„Кралот Чарлс има убави спомени од неговата историска посета на Скопје и Охрид, во 1998 година“, напиша Османи на социјалните мрежи.
Оваа година Македонија и Британија одбележуваат јубилеј - три декади од воспоставување на нашите дипломатски односи.
Слично
