Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кралицата на кокаинот Станислава Чочоровска е на слобода

Кралицата на кокаинот Станислава Чочоровска е на слобода

Станислава Чочоровска, по десет години излезе од затворот „Идризово“. 

Чочоровска доби прекин на казната заради лекување, а во затворот ќе мора да се врати за еден месец.

Чочоровска во 2007 година, заедно со Алија Азировиќ, возачот на камион во кој се превезуваа канти со поликолор, полни со дрога, беа осудени за организирање на транспортот на 486 килограми кокаин, за што добија казна затвор од 14,6 години затвор.

Вредноста на дрогата запленета на Блаце  беше 92 милиони евра.

Оваа казна подоцна беше потврдена и од Апелациониот суд.

На Чочоровска и остануваат уште четири години затворската казна.

Српските медиуми ја пренесоа веста дека е пуштена и ја нарекоа „кралица на кокаинот“. 

Слично

Поврзани вести