Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крајот на октомври најстуден во последните 100 години: Каде во Европа ќе падне снег

Крајот на октомври најстуден во последните 100 години: Каде во Европа ќе падне снег

До 10 сантиметри снег на планините во Шкотска, а слична судбина може да се случи на останатите делови на Британија, па и Лондон.

Ова е само мал дел од студената прогноза која и се предвидува на Европа.

Студен бран предвидуваат метеоролозите а до крајот на неделава извесно е дека голема количина снег ќе падне во Велс, јужниот дел на Лондон и централните делови на Англија. Снегот секако ќе направи проблеми, но не како оние кои граѓаните ги имаат во зима. Засега не е познато каква зима ќе имаме - истакнал метеорологот Џејмс Меден, додавајќи дека во оние краеви каде нема да паѓа снег, ќе паѓаат обилни врнежи.

За некои седум дена, значи, се очекуваат големи врнежи, а исто така, лоши вести за љубителите на празникот „Ноќ на вештерките“ - 31 октомври ќе биде најстуден во последните 100 години!

„Се очекува дека на 31 октомври снегот дополнително ќе се зголеми, а температурата ќе се спушти на -7 степени Целзиусови. Тоа е незапамтено во последните скоро 100 години, бидејќи последен пат, последниот ден од октомври бил најстуден во 1926 година, кога се измерени дури -10 степени Целзиусови“, додава тој.

Ноември на тлото на Британија ќе биде значајно постудено од овој месец и врнежите ќе бидат со многу поголем интензитет.

Она што треба да не загрижи, постои можност брановите од Велика Британија да се прошират и на останатите делови на Европа, па и дури и на Балканот.

Начелно востановената врменска прогноза говори дека снегот на овие простори нема да биде до декември, но не се исклучува можноста циклонот кој донесува студ и врнежи лесно да се рашири и на останатите делови од континентот.

Слично

Поврзани вести