Крај за руинираните училишта во Шуто Оризари !
Утре ќе се објави тендер за реконструкација на две училишта во општина Шуто Оризари, најави заменик министерот за образование Сафет Незири.
“Во следната 2013 година се планира доградба на две основни училишта во општината Шуто Оризари. Во општина Боговиње пак се планира изградба на целосно ново училиште а во овој прокет со сопствени средства ќе учествува и самата општина.За останатите две училишта во Шуто Оризари се изработува планската документација. Утре ќе бидат објавени огалси преку Бирото за јавни набавки за стартот на реконструкцијата. На терен се собираат податоци од општините за тоа каде е потребно да се интервенира “, изјави Незири.
Слично
