Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крај за криптовалутите во оваа земја

Крај за криптовалутите во оваа земја

Иран е земјата која ја забрани употребата на биткоинот и другите криптовалути во банките и финансиските институции. Одлуката е донесена во декември од владиниот комитет за перење на пари, а сега стапува на сила.

Ова е дел од напорите на иранските власти да го контролираат пазарот на валути откако вредноста на ријалот месецов достигна најмала вредност во историјата на Иран.

Забраната е неопходна велат поради тоа што сите криптовалути имаат капацитет да бидат употребени за перење на пари и за финансирање на тероризам.

Таа важи за сите монетарни и финансиски центри во земјата, вклучително банки, финансиски институции и менувачници.

Иако употребата на криптовалутите, како што е биткоинот, никогаш не биле одобрени во Иран, тие беа достапни на паралелените пазари.

Криптовалутите се креираат и разменуваат независно од банките или владите. 

Слично

Поврзани вести