КРАЈ НА ЖЕШТИНИТЕ: Од утре комплетна промена на времето
Денес во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност проследена со намалена видливост. Во северните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи, соопштија денеска од УХМР. Најавуваат и засилен, повремено силен ветер од променлив правец кој некаде ќе достигне 60 километри на час.
Во актуелното предупредување од УХМР стои дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер над 60 километри на час и услови за појава на град.
Температурата од утре ќе биде во постепено опаѓање.
