Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРАЈ НА ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ ЗАКОН: Нема веќе судење по „терк“

КРАЈ НА ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ ЗАКОН: Нема веќе судење по „терк“

Судиите констатирале проблематичност кај законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната поради тоа денеска е донесена одлука со која овој закон ќе биде укинат.

Законот беше донесен во 2014 година а од денес со одлуката на Уставен суд тој закон повеќе нема да биде дел од правниот поредок. 

Тој на сила стапува по објавување на одлуката во Службен весник.

Поразбирливо за јавноста, Уставниот суд го укинува законот со кој ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујевски доби само година и пол казна затвор за палење на доказите за прислушување во управата со која раководел.

Ова значи дека судиите ќе се вратат на донесување пресуди по стариот принцип, односно да судат според својата совест, стручност, познавање на правото и самите да ги ценат околностите дали некој треба да добие помала или поголема казна за исто кривично дело. 

Досегашниот закон кој денеска падна на Уставен овозможуваше на обвинетите да им се суди според тоа дали  бил првпат осудуван, татко на две, на три деца, за крупни кривични дела на обвинетите да мораат да им изрекуваат ниски казни, зашто мерките …од – до…, биле стриктно напишани во сега укинатиот закон.

Слично

Поврзани вести