Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРАЈ НА ПОТРАГАТА - уапсен е напаѓачот кој синоќа пукаше и уби странски државјанин во Штип

КРАЈ НА ПОТРАГАТА - уапсен е напаѓачот кој синоќа пукаше и уби странски државјанин во Штип

Лицето кое вчера пукаше во странски државјанин во кафуле во Штип, при што смртно го рани, денеска е уапсено, соопшти Обвинителство. 

- Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено. Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка - посочуваато од ОЈО.

За потсетување доцна синоќа се прошири веста дека во кафуле во Штип е пукано во едно лице, а напаѓачот избега од местото на настанот. 

По тоа лицето се даде во бегство, а на социјалните мрежи осамнаа снимки од лицето како полицијата го брка. Набрзо по пукањето, неколку полициски екипи тргнале во потера по лицето. 

Во обидот за бегство, неговото возило било забележано кај патарината во Миладиновци. Но, наместо лицето да застане, ја пробил патарината и искршил рампата. На снимката се слуша полицијата како извикува „стој, стој“.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.

Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани, информираат од обвинителството.

Слично

Поврзани вести