Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРАЈ НА ГУЖВИТЕ НА ПАТОТ КОН ОХРИД: Семафорот кај Гостивар во летните шпицови ќе биде заменет со полицајци

КРАЈ НА ГУЖВИТЕ НА ПАТОТ КОН ОХРИД: Семафорот кај Гостивар во летните шпицови ќе биде заменет со полицајци

За време на викенд-шпицовите во летниот период, сообраќајот на „Здуњската крстосница“ на магистралниот пат Гостивар-Кичево ќе биде регулиран со присуство на сообраќајни полицајци, соопшти Локалниот совет за превенција на општина Гостивар.

Оваа мерка следи по бројните реакции на локалните жители и патниците кои често се соочуваат со долгите колони и метежот на крстосницата, особено кога се движат кон туристичките центри како Охрид, Струга, Маврово и Дебар.

На седницата на Локалниот совет за превенција беше истакнато дека, според податоците на гостиварската полиција, на оваа делница дневно поминуваат над 34.000 возила. За да се намали метежот, предложено е во периодите на викенд-шпицовите физички да се регулира сообраќајот со присуство на полицаец.

Исто така, беше разгледан и градскиот сообраќај во услови кога бројот на возила се зголемува неколкукратно. Едно од предложените решенија за намалување на притисокот на паркинзите е користење на училишните дворови и слободни површини за бесплатно паркирање. Градоначалникот Ваљбон Лимани посочи дека оваа практика се применува веќе неколку години.

Со овие мерки се очекува да се обезбеди поголема безбедност и побрз проток на сообраќајот на една од најфреквентните крстосници во гостиварскиот регион.


Слично

Поврзани вести