Крадел нафта од училишниот резервоар во Сандево, полицијата го фати
На 06.10.2025 година во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија го лишија од слобода А.Ш. (41) од Скопје, информираат од МВР,
„ Имено, А.Ш. бил затекнат во дворно место од основно училиште во с.Сандево, скопско како од резервоарот за нафта одзема нафта. Нафтата е вратена на одговорното лице од училиштето, извршен е увид и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од полицијата.
Слично
