Крадел графички картички и струја за да „копа“ биткоини: Полицијата го приведе
Полициски службеници од ЕВР Карпош, ЕВР Ѓорче Петров и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 19:30 часот го лишиле од слобода триесет и деветгодишниот Е. А. од село Љубин, скопско, поради кражба на графички картички и електрична енергија.
Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирањена случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 236 за „тешка кражба” и член 235 за „кражба на електрична енергија” од Кривичниот законик.
Слично
