Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крадец одзел 30.000 денари од старица лажејќи ја дека парите се фалсификувани

Крадец одзел 30.000 денари од старица лажејќи ја дека парите се фалсификувани

Во полиција 87-годишна скопјанка пријавила дека е измамена така што крадец ѝ одземал 30.000 денари. Настанот се случил на улицата „Народен Фронт“ во Скопје, вчера околу 11 часот.

Откако оштетената ја извадила пензијата од банка, ја сопрело лице кое на вратот носело некаков беџ, при што истото ја довело во заблуда дека е вработено во банката од каде ги извадила парите, односно дека треба да ги провери парите затоа што наводно биле фалсификат. Жената  ги извадила парите од чантата и му ги дала, а непознатото лице со трчање избегало од местото на настанот.

Слично

Поврзани вести