Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крадци со „богат плен“ си заминале од куќа во Гостивар

Крадци со „богат плен“ си заминале од куќа во Гостивар

Крадци синоќа украле златен накит, часовници и пари од куќа на улицата „Беличица“ во Гостивар.

Случајот  синоќа околу 20 часот го пријавила сопственичката на куќата М.Ф. Кражбата била извршена додека сопственичката на куќата заедно со сопругот биле излезени од домот.

Крадците влегле во куќата откако скршиле еден од прозорците на куќата по што од спалната соба одзеле две кутии со повеќе парчиња златен накит, женски часовници и 650 евра. Вкупната вредност на украдените предмети се проценува на 560.000 денари, а причинета е штета од над 7.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Слично

Поврзани вести