Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крадци ја „пеплосале“ катната гаража Македонска фаланга

Крадци ја „пеплосале“ катната гаража Македонска фаланга

Крадци однеле богат плен од катната гаража Македонска фаланга при што украле голем број на сообраќајни знаци и опрема, млазиници и мешачи за пена вредни 12.000 евра.

Вчера во Полициска станица Центар, доставен е записник од Јавно претпријатеие Градски Паркинг Скопје, кои пријавиле дека на 12.04.2018 година на паркиралиште “Катна Гаража Македонска Фаланга”, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба при што е одземено 16 млазници за тешка пена 200 л, 16 мешачи за пена 200л и 36 сообраќајни знаци со што сторителот се стекнал со против правна имотна корист од 784.400денари.

Сторителот делото го извршил така што насилно ги отворил хидрантитските ормари на јавното паркиралиште “Катна Гаража Македонска Фаланга” ги одземал предметите и се упатил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.


Слично

Поврзани вести