Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крадци ја испразниле куќата, а сега велешанката Пале издржува куќен притвор во домот каде струјата е исклучена

Крадци ја испразниле куќата, а сега велешанката Пале издржува куќен притвор во домот каде струјата е исклучена

Во куќата каде што му пресуди на партнерот кој со години ја тепал, 23-годишната велешанка Пале Илоска го издржува куќниот притвор додека го чека судењето, но од неодамна таа живее без електрична енергија поради тоа што струјата ѝ е исклучена поради долг од 40.000 денари, објави „Код“.

Илоска не може да го подмири долгот за електрична енергија поради тоа што не заработува, а не заработува затоа што се наоѓа во домашен притвор, па во студените февруарски денови таа е приморана да се грее на плинска греалка и да користи газиена ламба.

Додека била отсутна од домот, пак, крадци влегле во нејзината куќа и однеле сè што можело да се однесе, празни се собите. 

На Фејсбук страницата „Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство“ денеска осамна објава за состојбата на Пале Илоска, а преку која се бара од граѓаните да ѝ помогнат.

фото Код

Слично

Поврзани вести