Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРАДЦИ ИМ УПАДНАЛЕ ДОМА: Oдзеле пари собрани од донации за лекување на Леонид Индов

КРАДЦИ ИМ УПАДНАЛЕ ДОМА: Oдзеле пари собрани од донации за лекување на Леонид Индов

Kрадци одзеле пари собрани од донации за лекување на момче. Леонид Индов, 18-годишното момче од Скопје за кое неколку месеци наназад се собираа донации за лекување, останал без значителна сума, откако крадци влегле во неговиот семеен дом и го ограбиле.

Од полицијата за „Фокус“ откриваат дека настанот се случил минатиот месец, на 18-ти, но нема податоци за точната сума на пари која била украдена.

Истиот ден, на 18-ти, Б.И. пријавил во полиција дека во периодот од 11.30 до 14.50 часот со подесен предмет е влезено во нивниот дом во Аеродром и се одземени пари и други предмети. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести