Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕиас стигна во Скопје, ќе донесе ли нешто ново?

Коѕиас стигна во Скопје, ќе донесе ли нешто ново?

Како што беше највено во мај грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во рамки на турнејата во неколку главни градови на Западен Балкан дојде во посета на Македонија.

Тој беше пречекан од  македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Попоски.

Коѕиас ќе оствари средби и со државниот врв а и со опозициската СДСМ.

Фокусот на денешната средба ќе биде ставен на  спорот со името , мерките за градење доверба за кои се преговара веќе неколку месеци, билатералните интереси како и интензивирање на соработката.

Во мај Попоски и Коѕиас остварија неформална средба на маргините на министерски состанок на Северно – атлантскиот Совет на НАТО во Анталија оствари средба и со Коѕиас .

На средбата Грчкото МНР изразило длабоко сочувство од грчката Влада за семејствата на жртвите од последната криза во Македонија, „како и загриженост за ситуацијата, истакнувајќи дека мора да надвладее воздржаност, разум и дијалог“.

Двајцата министри разговарале за билатералната соработка меѓу двете земји, како и за прашања од регионален интерес. Тие исто така дискутирале и за можноста за усвојување на мерките за градење доверба, што би можело да придонесе за подобрување на билатералните односи.

По средбата, Коѕиас инфорормирал дека во фокусот на разговорите со Поповски биле посетата што ја планира грчкиот министер на Скопје во јуни, ситуацијата во Македонија, како и промоција на мерките за градење доверба меѓу двете земји.

– Разговаравме за мерките за градење доверба. Ние им дадовме список, и тие ни дадоа нивни список. Има интересни совпаѓања. Разговаравме за тоа процесот да се придвижи напред, да се разработат совпаѓањата и по некое време да ги дискутираме на министерско ниво, изјавил Коѕиас по средбата.

ФОТО:Плусинфо.мк  
Слично

Поврзани вести