Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВИД: И покрај скокот на бројот на заразени, сѐ уште сме во зелена зона, затоа нема анти ковид мерки

КОВИД: И покрај скокот на бројот на заразени, сѐ уште сме во зелена зона, затоа нема анти ковид мерки

Деновиве бројките на ковид заболени се движат околу 700, а завчера се ресгистрирани безмалку 800 нови случаи.

И покрај ваквата ситуација, надлежната комисија не препорача никакви превентивни мерки, бидејќи како што е посочено сѐ уште се наоѓаме во зелена зона.

Најмногу активни случаи има во Скопје при што вкупниот број е 3838 и како најзасегнат град со новозаразени случаи се ставаат во работа пет нови ковид амбуланти.

Се работи за поликлиниките „Идадија”, „Ѓорче Петров”, „Јане Сандански”, „Ченто” и Чаир.

На сила остануваат да важат мерките за носење маска во автобус, аптеки, болници и домовите за возрасни лица и лица со попреченост.

Слично

Поврзани вести