Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВИД БИЛАНС ЗА ЕДНА НЕДЕЛА: Најкритично е во Неготино

КОВИД БИЛАНС ЗА ЕДНА НЕДЕЛА: Најкритично е во Неготино

За 23 отсто e зголемен бројот на новозаразени од коронавирусот. Најмногу регистрирани случаи има во Скопје, а најкритично е во Неготино. 

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје покажува дека во периодот од 1 до 7 март 2021 година, има 4.463 нови позитивни од вкупно 35 градови во државата. 

„Највисока неделна инциденца од 847,9 случаи на 100.000 жители е регистрирана во Неготино, заедно со Демир Капија. Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 13,2 до 26,7 отсто, или во просек 20,9 отсто, 3 отсто повеќе во споредба со минатата недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (20,1 отсто), 40-49 (17,8 отсто), 50-59 (17,4 отсто) и 20-29 (14,0 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (2,3 отсто) и 10-19 години (5,2 отсто). По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, со статус ‘оздравени‘ се стекнале 3.895 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, зголемен за 2,2 пати во споредба со минатата недела“, стои во соопштението на ИЈЗ.

Пријавени се 57 починати од 16 градови, 17,4 отсто помалку во однос на минатата недела. 50 од нив биле над 60 години, 5  на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи 30-39 и 40-49 години. 

За 24 часа во Македонија има нови 913 заразени и 16 починати од ковид -19. 

Слично

Поврзани вести