Ковид биланс: Повторно повеќе новозаразени од оздравени, починале 22 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19. Најмногу како и секој ден се од Скопје - 270 лица. Во Куманово-24, Штип-17, Прилеп-17, Тетово-17, Струга-6, Велес-23, Битола-10, Охрид-12, Кавадарци-21, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-22, Крива Паланка-13, Радовиш-10, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-6, Берово-12, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-5, Свети Николе-3, Кичево-12, Ресен-1 и Неготино-6.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 404 оздравени пациенти но починати се 22 лица. Од нив десет пацинети од Скопје (84, 83, 60, 71, 66, 57, 77, 76, 80 и 74г), еден од Куманово (77г), еден од Дебар (68г), еден од Штип (81г), еден од Битола (69г), двајца пациенти од Охрид (47 и 76г), еден од Кавадарци (48г), двајца од Гостивар (79 и 64г), двајца од Крива Паланка (81 и 79г) и еден пациент од Кичево (63г). Од нив пет пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови. Денеска се евидентираат 10 починати со дата на смрт од претходните денови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86150, бројката на оздравени пациенти е 67164, на починати е 2614, а бројот на активни случаи изнесува 16372.
