Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковид биланс: Повеќе оздравени од новозаболени, починале 22 луѓе

Ковид биланс: Повеќе оздравени од новозаболени, починале 22 луѓе

Во последните 24 часа се направени 3.526 тестирања, а регистрирани се 564 нови случаи на КОВИД-19. Најмногу од новите случаи се во Скопје каде се ресгитрирани 192 случаи, во Куманово има 45, а во Битола – 44, во Прилеп – 40, Велес и Струмица – по 23, Охрид – 22, Гостивар – 19, Штип – 18, Тетово – 17, Кочани – 16, Берово – 13, Кавадарци и Кичево – по 11, Виница – 9, Свети Николе и Дебар – по 8, Струга и Ресен - по 7, Радовиш – 6, Валандово – 5, Неготино, Пропиштип и Крушево – по 4, Гевгелија, Крива Паланка и Делчево – по 2, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 1.357 оздравени пациенти.

Пријавени се вкупно 22 починати лица - 8 од Скопје (60г, 68г , 71, 72г, 74г, 74г, 82г и 85г), по 2 починати лица од Битола (79г и 85г), Прилеп (69г и 79г) и Кочани (72г и 73г), по едно лице од Охрид (61г), Кавадарци (80г), Гостивар (51г), Штип(75г), Свети Николе (80г), Делчево (65г), Ресен (71г) и Пробиштип (74г). Сите починати пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.274, бројката на оздравени пациенти е 128.496, на починати е 4.650, а бројот на активни случаи изнесува 17.128.


Слично

Поврзани вести