Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВИД БИЛАНС: Денеска има повеќе оздравени од заболени

КОВИД БИЛАНС: Денеска има повеќе оздравени од заболени

Во Македонија денеска има повеќе оздравени од заболени од коронавирусот. 

Во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања, а регистрирани се 284 нови случаи. Во истиот период има 449 оздравени пациенти. По градови, најмногу оздравени има во главниот град. Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во Скопје има 192, Прилеп – 38, Кавадарци – 36, Куманово – 20, Штип – 17, Струмица – 16, Велес и Богданци – по 15, Гевгелија, Гостивар и Битола – по 14, Крива Паланка – 13, Неготино и Тетово – по 11, Кочани – 6, Свети Николе – 4, Кратово – 3, Делчево и Крушево – по 2, Кичево, Пробиштип, Виница, Валандово, Ресен и Дојран – по 1.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројката на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457.

foto freepik

Слично

Поврзани вести