Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВИД БИЛАНС: Денес најмладиот починат има 40, а најстариот 91 година

КОВИД БИЛАНС: Денес најмладиот починат има 40, а најстариот 91 година

Денес најмладиот починат од коронавирусот има 40, а најстариот 91 година. 

Пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се двајца пациенти од Скопје (91г и 83г) и по еден смртен случај е пријавен од Гостивар (77г), Крива Паланка (40г) и Демир Хисар (65г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 482.026 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223.

Кон крајот на месецов во земјава ќе стигнат кинексите вакцини. 

Да помине кинеската Нова година на 18 февруари и ќе тргнат вакцините, вели премиерот Зоран Заев.  Вели дека 200-те илјади вакцини од кинексата „Синофарм“ ќе стигнат во Македонија по завршувањето на кинеската Нова година.

foto freepik

Слично

Поврзани вести