Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВИД БИЛАНС: Бројот на активни случаи изнесува 7.223

КОВИД БИЛАНС: Бројот на активни случаи изнесува 7.223

Бројот на активни случаи во земјава е 7.223, објави денеска Министерството за здравство. Од нив 3.153 активни се во Скопје. 

Висока бројка има во Кавадарци каде се регистрирани 508 активни. 551 активен случај има во Прилеп, а во Охрид има 434. Во Тетово има 259, а во Куманово 222. 

Најмалку има во Пехчево 3, а во Дојран 5, додека Македонска Каменица има 4, а Македонски Брод 7 активни случаи. 

За едно деноноќие регистрирани се 215 оздравени пациенти во Македонија. 

По градови, најмногу оздравени има во Скопје – 125 , Прилеп – 19, Кавадарци – 13, Струмица – 9, Велес – 6, Битола – 5, Тетово, Куманово и Неготино – по 4, Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Кичево и Радовиш – по 3, Гостивар, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по 2, Кочани, Крива Паланка и Виница - по 1.

foto freepik

Слично

Поврзани вести