Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВИД -19: Бројот на активни во Македонија се искачи над 22.000

КОВИД -19: Бројот на активни во Македонија се искачи над 22.000

Бројот на активни случаи на коронавирусот во Македонија се искачи над 22.000. 

Точниот број е 22.164 активни. Скопје има 10.830 активни, а најмалку има во Македонска Каменица, 14 случаи.  Прилеп, Куманово и Битола имаат повеќе од 1.000 случаи. 853случаи има во Охрид, а  во Кавадарци има 721. Oд помалите градови, Дојран има 16, а Пехчево 26 активни. Во Кратово исто така има 26. Во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи. 

Досега во земјата се направени вкупно 655.924 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, бројката на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести