Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковид -19 се појави и во кумановската градинка

Ковид -19 се појави и во кумановската градинка

Ковид -19 се појави и во кумановската градинка „Ангел Шајче“. 

Негувателка од оваа градинка е инфицирана со коронавирусот. 

Информацијата ја потврдија надлежните од установата.  Негувателката работела во клонот „Детелинка“, а во петокот воопшто не дошла на работа. 

Таа се пожалила на други здравствени проблеми, висок крвен притисок и крвавење од нос. 

Во текот на викендот направила тест кој покажал дека е позитивна на вирусот. Извршена е и вонредна дезинфекција на тој објект.

Во Кочани во објектот Цветови дури три групи деца денеска останале дома и сите ќе бидат тестирани. 

Викендот кластер градинка се појави во Струмица каде три деца од иста група имаат позитивни тестови на Ковид-19 и се заразиле меѓу себе.

Претходно, имаше заразени вработени од градинки во Скопје, Свети Николе и Битола. 

Ако се зголеми бројот на заразени во градинките, можно е тие повторно да бидат затворени. 

За 24 часа во Македонија има нови 45 заразени со коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести