Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВИД -19: Денес има нов „црн“ рекорд на заразени

КОВИД -19: Денес има нов „црн“ рекорд на заразени

Во Македонија денеска има повисока бројка на заразени со коронавирусот. 

Институтот за јавно здравје објави дека во последните 24 часа се регистрирани 393 позитивни на коронавирусот.

Повторно Скопје е со најголем број – 190 позитивни на тестирањата.

Во повеќе градови се бележи двоцифрен резултат од тестирањата. Во изминатото деноноќие направени се 2.464 тестирања.

Вчера имаше 386 заразени. 

Министерот за здравство, Венко Филипче најави можен карантин ако вака продолжи. 

Слично

Поврзани вести