Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јовески прифати да ги превземе сите предмети на СЈО

Јовески прифати да ги превземе сите предмети на СЈО

Јавното обвинителство под водство на Љубомир Јовески прифатило да ги превземе сите предмети од СЈО оред истекувањето на мандатот на 15 септември.

Алсат дознава дека сите случаи на Специјалното обвинителство одат во рацете на Јавното обвинителство предводено од Јовески. 

Ова доаѓа по претходна наредба од специјалната обвинителка Катица Јанева осомничена во случајот „Рекети“ и по нејзиното барање сите предмети да бидат пренесени во Јавното обвинителство.

И обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, денеска порача дека не е важно кој ќе ги застапува овие предмети, туку да се истера правдата до крај и да се санкционираат обвинителите.

Засега се уште нема официјална потврда, иако се очекува истата во текот на денот.

Слично

Поврзани вести