Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Светските економски текови се дестабилизирани

Ковачевски: Светските економски текови се дестабилизирани

Премиерот Димитар Ковачевски по агресијата на Русија над Украина излезе со соопштение за јавноста во кое вели дека светските економски текови се дестабилизирани по новонастанатаат ситуација и порача дека Владата ќе стори се да не дојде до дополнително влошување на економскиот стандард на граѓаните.

„Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир.

Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои директна закана за безбедноста на Северна Македонија.

Покрај безбедносната состојба, владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба. Владата како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните“, објави Ковачевски.


Слично

Поврзани вести