Ковачки: Три недели не можат да откријат кој стои зад дојавите за бомби
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во Само вистина на Канал 5 изјави дека три седмици не можат во МВР да најдат кој се заканува со лажни дојави на бомба.
Тој вели дека ова заслужува веднаш оставка затоа што во институцијата владее хаос. Ковачки обвини дека ова ресорно министерство е поврзано со криминални дејствија.
Со денови во Македонија има лажни дојави за бомби во средните училишта во Скопје. Беше кажано дека мејловите се испраќани од странство.
Слично
