Ковачки откако Законот за бранители не се најде на дневен ред: Не е потребно отворање на стари рани
Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, а наедно и поранешен полковник, се огласи со мислење дека ќе се отворат стари рани со Законот за бранители, откако не се најде на дневен ред на собраниската комисија за социјална политика, демографија и млади.
Претседателката Благица Ласовска одби да го стави на дневен ред во комисијата Законот за бранители кој повеќе од 10 месеци е заглавен во истоимената комисија и блокирана од пратеници од ВЛЕН и од ДУИ.
„Ценам дека не ни е потребно повторно отворање на стари рани, особено кога истите се поттикнати од дезинформации и потреба од сензационализам.
На мислење сум дека во време на лесно ширење лажни вести, нашата најголема одбрана е поддршката за професионалното и објективно новинарство, како и негувањето на критичката мисла.
Верувам во вистината, во достоинството на службата и во заедничката иднина. Секогаш се трудам на лагите да им одговорам со факти, а на провокациите со мир.
Наместо да се враќаме на поделбите од минатото, да се посветиме на градење општество во кое владеат правдата, почитта и заедништвото.
Секој од нас има одговорност да придонесе за помирување и напредок, а тоа започнува со барање на проверени информации и одбивање да се подлегне на манипулации.
Заедно, како креатори на јавното мислење, можеме да создадеме иднина во која сегашните и идните генерации ќе растат во мир и хармонија, учејќи од минатото.
Сите треба да се придружиме во заложбите за подобро утре – иднина изградена на темелите на вистината и меѓусебното разбирање“, објави Ковачки меѓудругото на социјалните мрежи.
Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, вчера повторно се обиде да го стави на дневен ред Законот за бранители кој е предлог на СДСМ, но пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ истото не го дозволи со што спречи гласање за Законот.
Слично
