Ковачки и Шекеринска се препукуваат на Фејсбук: Имаше ли армијата национални обележја на свечената заклетва?
Полковникот Драган Ковачки, инаку член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, претпладнево објави статус на Фејсбук дека новопримените професионални членови на армијата дале свечена заклетва без национални обележја и симболи, по што министерката за внатрешни работи Радмила Шекеринска му возврати на социјалната мрежа нарекувајќи го „партиски војник“.
Па дури и УЧК која беше паравоена формација, имаше сопствени амблеми и обележја во склад со меѓународните конвенции (!)., напиша меѓудругото Ковачки.

Шекеринска на несудениот технички министер за внатрешни работи му возврати дека ја дискредитира сопствената армија и објави фотографија дека на униформата на војниците сепак имало национален симбол.
- Партискиот војник пак удира по Армијата. Македонштината ја “браневте” со скинати униформи и сиромашна војска. Сега сте нервозни дека вистината за вашата неспособност и маргинализирање на Армијата излегоа на виделина: можело да има поголеми плати, можело да се обезбеди бенефициран стаж, можело да се обезбедат и нови униформи и нови чизми, но и спортска и воена опрема.
Пак не ви успеваат нападите на сопствените колеги и Армијата за која во вашите 11 години не направивте ама баш ништо, изреагира министерката.

