Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачки го нема на видеото на Мицкоски, што значи тоа пред утрешната конечна одлука на ВМРО-ДДПМНЕ

Ковачки го нема на видеото на Мицкоски, што значи тоа пред утрешната конечна одлука на ВМРО-ДДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на фејсбук профилот на партијата објави видео од работна средба што денеска, на првиот ден во новата година, ја остварил со, како што вели, луѓето кои ќе имаат одговорна задача во техничката Влада.

Но, на средбата, меѓу присутните не може да се забележи Драган Ковачки, предлог на партијата за технички министер за внатрешни работи, кој беше спорен за СДСМ бидејќи, со образложение дека неговото именување би можело да биде спротивно на Уставот. 

„Ветив работа и жилава посветеност која мора да донесе реални резултати затоа што народот не смее да биде разочаран, а илјадници судбини чекаат подобри времиња и промени, заедно да работиме за Македонија која се обновува. Тоа е голема одговорност која ја прифаќам. 

За добар почеток на годината, на состанок со мојот кабинет и луѓето кои ќе имаат одговорна задача во Техничката влада да ја заштитат народната волја. Новата година носи надеж, шанса и промени кои ќе донесат обнова. Нека е среќна и бериќетна!“, нашиша Мицкоски на фејсбук профилот.

Претходно претседателот на ВМРО ДПМНЕ најави дека утре ќе ја извести јавноста за конечната одлука, дали ќе даде нов предлог за технички министер за внатрешни работи или ќе остане на ставот дека токму Ковачки треба да седне на ова министерско место. 

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера беа цврсти на својот став дека Ковачки не е спорен, а се повикаа на членот 23 од Уставот, каде стои дека „секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции'“.

А идниот технички премиер, Оливер Спасовски, верува дека опозицијата ќе предложи нов кандидат кој ќе го раководи МВР. Тој потврдно одговори на новинарско прашање дали очекува нов предлог од опозицијата. 

„Мислам дека тоа ќе го направат и заеднички ќе влеземе во таа преодна влада која треба да ги заврши сите овие процедури до изборите. Подготвени да продолжиме со таква динамика и со посветеност да работиме за граѓаните во предизборниот период, затоа што Македонија не смее да си дозволи да се стопираат проектите и да има застој во реформите. Напротив треба енергично, цврсто да газиме напред заради граѓаните и иднината на Република Северна Македонија“, рече Спасовски.

Прашан дали можеби ќе се прифати сегашниот предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи, Драган Ковачки, Спасовски порача дека мора да се почитува Уставот.

Изборот на техничката Влада мора да заврши до трети јануари. На тој датум треба да поднесе оставка премиерот Зоран Заев.

Слично

Поврзани вести