Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачки до Спасовски по убиството на Оки: Зошто уште никој не одговара за „Планина“?

Ковачки до Спасовски по убиството на Оки: Зошто уште никој не одговара за „Планина“?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, јавно го прозва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да каже дали по две години од акцијата „Палнина“ во МВР некој ќе поднесе одговорност, откако вчера во мафијашка пресметка беше убиен Орхан Бајрами - Оки во апартман во Ханиоти.

Акцијата „Планина" беше планирана една година, но во 2021 тогашната шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска рече дека наркобосовите побегнале, дека имало крт во МВР и дека им била пробиена акцијата.  Акцијата се одвиваше на територијата на Грчец но и на други места во Скопје и околината.

„1. Нека каже Министерот кој од Полицијата или од врвот на МВР ја проби акцијата Планина, зошто до ден денешен нема никаква одговорност за никого и до кога Македонија ќе се потресува од мафијашки пресметки на нарко-банди чиј подем е токму за време на неговото 8 - годишно министерување.

2. Нека каже колку убиства на територија на Скопје се нерасветлени и зошто?

3. Нека каже Министерот дали полициски службеници и началници се вклучени во рекетирање на казина и слични објекти?

4. Нека каже дали полициски службеници и началници се вклучени во бизнис со дрога?

5. Знае ли министерот дека се' што има почеток, има и крај, а дека неговиот крај во МВР значи почеток на одговорност?“, гласи дел од статусот на Ковачки што го напиша на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести