Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Мерко сам да си поднесе оставка, избран е од народот

Ковачевски: Мерко сам да си поднесе оставка, избран е од народот

Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинраски прашања рече дека Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, откако се најде на „црната листа“ на САД треба сам да си поднесе оставка како морална одговорност, бидејќи никој не може да го разреши, па ниту ДУИ.

- Избран функционер од страна на граѓаните сам треба да размисли од морални причини. Сите советнички групи треба да седнат, да се погледнат заедно со градачланикот во Општината и да се договорат како ќе продолжам Јас да се најдам на црната листа, не што ќе си дадам оставка, тоа ќе го сметам за најголем пораз во мојата лична и професионална кариера, рече Ковачевски.

Тој додаде дека за овој случај не разговарал со Али Ахмети, претседателот на ДУИ, коалициониот партнер на СДСМ во Владата. Инаку матична партија на Мерко е токму ДУИ.

- Не можете да генерализирате дека не функционира цел еден систем или цела организација, додаде премиерот.


Слично

Поврзани вести