Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Жителите на Слупчанe се семејни луѓе и плаќаат струја, се работи за поединци

Ковачевски: Жителите на Слупчанe се семејни луѓе и плаќаат струја, се работи за поединци

За проблемите со прекинот на струјата во Слупчан на Ликова, премиерот Димитар Ковачевски рече дека во ова липковско село се плаќа струја, но дека се работи за одредени поединци кои прават проблеми.

„Не станува збор за револт кај жителите на Слупчане, тие се семејни луѓе. Станува збор за некои поединци кои треба да бидат идентификувани и санкционирани. Сите производи на нашите маркети доаѓаат од руралните места како Слупчане и тие луѓе плаќаат струја. Се работи за повеќе лица“, рече Ковачевски.

Екипите на Електродистрибуција ќе започнат со реализација на проектот за реконструкција на мрежата во Слупчане во август,откако од ЕВН вчера соопштија дека е постигнат договор со мештаните, а гаранции се дадени од локалната власт и од страна на сите политички партии. 

Но и пред околу три недели, жителите на Слупчане ветија дека ќе им дозволат на екипите на ЕВН да работат. На средба со нив тогаш беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.

Слично

Поврзани вести