Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски заедно со Ахмети, Груби и Џафери на прослава на титула на стадионот во Чаир

Ковачевски заедно со Ахмети, Груби и Џафери на прослава на титула на стадионот во Чаир

Премиерот Димитар Ковачевски вчера заедно со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби и собранискиот спикер Талат Џафери присуствуваше на стадионот во Чаир на прославата на шампионската титула на ФК Шкупи во домашното фудбалско првенство.

„ФК Шкупи денеска со победа ја заокружи одличната сезона и на Чаир му го донесе заслужениот трофеј на националниот фудбалски шампион.

Од трибините на стадионот под огнената атмосфера што ја создаде навивачката група Шверцери денеска им честитавме на играчите и на клупското раководство за постигнатиот успех“, напиша Ахмети на Фејсбук, а воедно објави и фотографии од заедничкото присуство со Ковачевски.


Слично

Поврзани вести