Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Зад тоа што вчера се случи на Косово постои нечија агенда

Ковачевски: Зад тоа што вчера се случи на Косово постои нечија агенда

Според премиерот Димитар Ковачевски, зад она што вчера се случи на Косово постои нечија агенда со цел регионот повторно да се види како подрачје на кое има кавги меѓу соседите.

Тој го осуди убиството на косовскиот полицаец. 

„Сигурно е дека зад тоа што вчера се случи на Косово постои нечија агенда на луѓе кои сакаат овој регион повторно да го видат како регион на немир, регион на кавга меѓу соседите, меѓутоа за среќа има политичари како што се политичарите кај нас и во Албанија, верувам дека ги има во сите држави во регионот, кои сакаат да го видат регионот интегриран во ЕУ“, рече Ковачевски.

Тој се согласи со апелот на еврокомесарот Оливер Вархеји кој побара истрага за да се откријат сторителите, мотивите и нарачителите.

На Косово е најдено тело на четвртиот напаѓач кого косовската полиција го уби.  Во Косово е прогласен Ден на жалост. 

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го одликува со орденот „Херој на Косово“ полицаецот Африм Буњаку, кoj загина вчера во северно Косово. 

Слично

Поврзани вести