Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски за уставните измени: Јас не сум политичар којшто е дојден да убедува или да разубедува некого

Ковачевски за уставните измени: Јас не сум политичар којшто е дојден да убедува или да разубедува некого

Maкедонскиот премиер Димитар Ковачевски вели дека никого нема да убедува и разубедува за уставните измени, затоа што сите треба да веруваат во уставните измени. 

„Јас не сум политичар којшто е дојден да убедува или да разубедува некого за нешто, бидејќи сите треба да имаат јасна визија и одговорност во однос на одлуките коишто треба да се носат“, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА. 

Вели дека постојат одлуки коишто се стратешки за државата, коишто сите политички партии треба да ги поддржат. 
„Тоа низ примери на други држави е многу јасно направено во минатото. Еве да го земеме само примерот на Хрватска, или да го земеме примерот на Словенија коишто исто така носеа стратешки одлуки со широк државен консензус којшто не биле дел од дневната политичка дебата којапшто се водела во тие општества и затоа брзо и квалитетно пристапиле кон Европската унија“, вели премиерот.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на викендов изјави дека уставни измени под бугарски дикатат нема да има. Потребно е внесување на Бугарите во Уставот за Македонија да продолжи по европскиот пат. 

Слично

Поврзани вести