Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВАЧЕВСКИ ЗА СРЕДБАТА СО ЗАЕВ И АХМЕТИ: Мора да знаете дека со Заев се знаеме 32 години, учевме факултет заедно

КОВАЧЕВСКИ ЗА СРЕДБАТА СО ЗАЕВ И АХМЕТИ: Мора да знаете дека со Заев се знаеме 32 години, учевме факултет заедно

Со екс претседателот на СДСМ се знаеме 32 години, ова не ниту прва, ниту последна средба, изјави премиерот Димитар Ковачевски за средбата со Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. 

Ковачевски кажа дека на вчерашната средба со Ахмети и Заев разговарале за тоа како треба да напредува државата кон полноправно членство во ЕУ и како да изгледаат настапите на партиите на следните избори.

„Мора да знаете дека со Заев се знаеме 32 години, учевме факултет заедно, неретко се случува да комуницираме и да имаме ручек по 4, 4 и пол часа и да разговараме на многу теми. Разговаравме за тоа како државата треба да напредува кон полноправно членство во ЕУ. Секој од нас можеше да ги сподели своите искуства од мандатите коишто ги имал. Нормално дека разговаравме како би требало да изгледаат настапите на политичките партии на наредните избори низ призма на искуството којшто секој го поседува. Ова не е ниту прва, ниту последна средба, особено за некој што се знае повеќе од три децении“, кажа Ковачевски.

За тоа дали СДСМ предизборно ќе коалицира со ДУИ, Ковачевски кажа дека се прават анализи во рамки на политичката коалиција која СДСМ ја има со традиционалните партнери.

„Сметам дека на државата и треба европска коалиција која ќе осигура сигурна европска иднина без никакви неизвесности и изолации, без политички еквилибристики какви што ги гледавме во текот на 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ нема концепт којшто гледа напред, сите нивни изјави се во претпоставки, сценарија кои немаат реална основа во политичките процеси. Сметам дека повторно владата ќе биде формирана од СДСМ и коалициските партнери“, рече Ковачевски.

Премиерот и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска беа во центарот на Скопје, каде се фрлаше крстот во Вардар. 
фото Фејсбук/Оливер Спасовски

Слично

Поврзани вести