КОВАЧЕВСКИ ЗА MЛАДИТЕ: Не се иселуваат во Кина и Русија туку во Европската Унија
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека младите не се иселуваат во Кина и Русија туку во Европската Унија (ЕУ). Додаде дека има цели улици Македонци во Полска и Словачка. Според премиерот, членството во ЕУ може да помогне да се запре иселувањето на младите.
Тој очекува во Брисел да биде признаено тоа што државата го направи во делот на скринингот, но од уставните измени зависи отворањето на поглавјата и членството во Унијата. Премиерот кажа дека државата веќе има над 50 посто усогласеност со законодавството на ЕУ.
„Ме прашавте за Албанија, Албанија има своја преговарачка рамка, а исто така го помина скринингот. Почнавме заедно со првата владина конференција на исти ден. Им посакувам успех, но се надевам Северна Македонија нема да ја направи грешката што ја направи во минатото, 17 години да чекаме на датум за преговори и 11 години да не се помрднеме од место. На крај, од земја лидер да останеме повторно да чекаме заради неодлучноста или политичките калкулации на еден човек или една политичка партија“, рече Ковачевски.
Премиерот наброја повеќе држави, меѓу кои и Бугарија и Романија кои имале далеку понизок стандард од Македонина пред членството во ЕУ, но потоа работите се промениле.Европејците се отворени за пристапување на Украина во ЕУ, покажува истражувањето пред клучниот самит во Брисел кој почнува од утре. Само 26 отсто се за влез на Македонија во ЕУ.
