Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВАЧЕВСКИ ЗА КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА: Не сум бил контактиран од институциите

КОВАЧЕВСКИ ЗА КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА: Не сум бил контактиран од институциите

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски во првата изјава по кривичната пријава која ја доби од полицијата за случајот „Лотарија“, за Алфа вели не направил ништо против законот. Вели дека секогаш работел во согласност со законите.

„Во однос на информациите кои што беа пласирани во јавноста, тие се информациите со коишто и јас единствено располагам, бидејќи не сум бил контактиран од институциите“, изјави Ковачевски.

Рече дека секој кој вршел јавна функција, треба да биде отчетен. Се надева дека институциите непристрасно ќе го водат процесот. 

Полицијата вчера за осум лица поднесе кривични пријави. 

Слично

Поврзани вести