Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски за Груевски: 11 години ja кочеше евроинтеграцијата и заврши во Европа, додека ние сме надвор

Ковачевски за Груевски: 11 години ja кочеше евроинтеграцијата и заврши во Европа, додека ние сме надвор

Тој што ја кочеше 11 години евроинтеграцијата е во Европа, а ние чекаме, вели македонскиот премиер Димитар Ковачевски за екс премиерот Никола Груевски кој доби азил во Унгарија. 

Рече дека евроинтегративнот процес е неповратен, не може да  запре, но од лични причини на поединци може да се забави. 

„Од тоа на крајот никој нема да има интерес, а тој што го кочеше 11 години заврши во Европа, додека ние сме сè уште надвор“, порача премиерот.

Тој нагласи дека ако не го направиме следниот чекор евроинтеграцијата ќе стагнира, како и во тие 11 години, при што за првпат блокадата не доаѓа од надвор туку од внатре, од опозицијата. Премиерот смета дека има поединци и претставници на раководството во ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат државата да биде дел од ЕУ и треба да се охрабрат, но лично оценува дека целата опозициска партија треба да застане зад процесот на уставни измени заради преговори со ЕУ.  Тој сепак негираше дека има поединечни средби со преставници на опозицијата на оваа тема  нагласувајќи дека никогаш не се среќавал индивидуално со членови. Уставните измени се неопходни за да може Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ. Премиерот тврди дека власта е стабилна, иако дел од помалите партнери во коалицијата се незадоволни затоа што не се исполни барањето на една изборна единица, но и Стојанче Ангелов од Достоинство е разочаран и ќе ја напушти Владата ако нема обештетување за бранителите од 2001 година. Но, европските лидери постојано повторуваат дека Македонија треба да направи реформи ако сака да стане дел од ЕУ. 

Слично

Поврзани вести